Како што вчера најави 24Ракомет, натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања нема да се игра според првичниот план на 20 октомври.
Европската ракометна федерација официјално го одложи натпреварот од првото коло на групата Ц на Лига Европа помеѓу македонскиот и унгарскиот тим.
Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања на коронавирус.
Натпреварот беше планирано да се одигра на 20 октомври во 18:45 часот во Битола, а ЕХФ дополнително ќе ги извести двата клуба за новиот термин за одржување на натпреварот.
Еурофарм Пелистер ќе почека за европски старт, ОДЛОЖЕН е натпреварот со Татабања!