ОФИЦИЈАЛНО: Искусната Мисаиловиќ Хосни ќе го брани голот на Пелистер

Како што најави 24Ракомет пред извесен период, нова ракометарка во редовите на Пелистер е поранешната младинска репрезентативка на Србија, голманката Јована Мисаиловиќ Хосни, која му е сопруга на репрезентативецот на Тунис и нов член на Еурофарм Пелистер, Усама Хосни.

Мисаиловиќ Хосни има богато искуство, кое сигурно ќе биде од голема помош за младата екипа на Пелистер. Голманката во својата татковина настапуваше за екипите на Земун, Макс Спорт, Чачак, Раднички Крагуевац и за тогашниот шампион на Србија, Јагодина.

По одличните настапи во српскиот шампионат, беше ангажирана и во грчки Орми Патрас, како и во унгарскиот суперлигаш, Бекешчаба, клуб кој неколку децении настапува во најквалитетното натпреварување во Унгарија. Од 2017 година ја започнува авантурата во Франција. Таму го носеше дресот на Ле Гран Ноиси од Париз и Стела Сен Мор.

Претходно Пелистер ја ангажираше и екс репрезентативката на Франција, Мари Франсуа, како и трите ракометарки од Феникс – Сандра Корлевска, Ана Марија Талева и Сара Илиевска. Раководството на клубот до стартот на новата сезона планира уште неколку засилувања, а ќе треба да најде и нов тренер, бидејќи довчерашниот предводник Кире Митревски си замина од тренерската функција.

Пелистер во новата сезона во Женската лига ќе игра во групата А заедно со екипите на Куманово, Вардар, Чаир, Шампион, Гевгелија, Спартак и Скопје. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата од женскиот шампионат, додека останатите четири ќе играат во плеј-аут групата.

Нова трансфер бомба во Битола: Српска голманка доаѓа во Пелистер!