Трансферот што вчера го најави 24Ракомет, денеска доби официјална потврда од германскиот гигант Кил.
Францускиот чувар на мрежата, Венсан Жерар, од следното лето ќе биде нов голман на „зебрите“. Tој потпиша договор на една сезона, односно до 2024 година, со можност соработката да биде продолжена.
Жерар ќе формира дуо на голот на Кил со чешкиот репрезентативен голман Томаш Мрква.
Французинот летово се пресели во Сен Рафаел, со кој потпиша договор на три сезони, но понуда од Кил не се добива секој ден, па нема да го доработи до крај договорот со францускиот клуб.
Жерар потекнува од Мец, а трансферот во Германија за искусниот голман ќе биде прв интернасионален предизвик, бидејќи во кариерата досега ги бранеше головите на Монпелје, Истр, Данкерк и ПСЖ пред да замине во Сен Рафаел.