Македонскиот шампион Вардар за новата натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше првото засилување.
Станува збор за членот на Металопластика, Марко Срдановиќ, кој игра на позицијата лево крило.
Актуелниот ракометар на Металопластика во Вардар ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера.
Србинот освен за матичниот клуб од Шабац настапуваше и за босанскиот суперлигаш Леотар.
Во клубот од Требиње беше на позајмица и таму мина две и пол сезони, потоа се врати во двократниот европски шампион.
Србите најавија: Ракометар на Металопластика го засилува Вардар