Новиот член на Женската лига, тимот на Скопје, од клупата ќе биде предводен од легендарната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ, која подолго време работеше во Шампион со сите генерации на ракометарки.
Како што најави 24Ракомет, таа ќе биде и претседател на клубот, а во работата во клубот и во стручниот штаб ќе и помагаат уште две поранешни ракометарки, Андријана Будимир и Ања Алтхаус.
Клубот е дел од семејството на РК Скопје АД, кој се натпреварува во машката Супер лига, иако жените ќе бидат посебен субјект, односно Здружение. Клубот ќе пријави екипи и во две младински категории за следната сезона, пионерки и кадетки.
Радуловиќ е една од најдобрите македонски ракометарки, репрезентативка и некогашна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа од Кавадарци, како и австрискиот Хипо и данскиот Шлагелсе, со кој се искачи на врвот на Европа.
Нов женски клуб од следната сезона – ќе го водaт ракометни легенди