Отпадна и капитенот – нови измени во составот на Франција за „Златната лига“

Селекторот на Франција, Жил Гијом се соочува со нови проблеми во составот за „Златната лига“ и ќе мора да прави нови промени.

Откако минатата недека Николас Турнат беше заменет со Тео Монар од Нант француската селекција сега се соочува со две измени. Валентин Порт и левото крило Хуго Дескат нема да бидат во можност да настапат, па тие ќе бидат заменети со Жулиен Бос и Матје Грибил.

Капитенот Порт почувствувал потреба да се рехабилитира психички и физички.

„Валентин не е во состојба да ни помогне. Тој поминува низ еден деликатен период и во договор со неговиот клуб Монпелје донесовме одлука дека е подобро да одмори во наредниот период и да ги наполни батериите“, изјави селекторот Гијом.

Французите во рамки на „Златната лига“ ќе играат со Норвешка на 20 март, а еден ден подоцна ќе се соочат со Данска.