„Она што се случи во Каиро беше болно за гледање“

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, ЖивкоМукаетов во своето излагање за работата во изминатите 12 месеци зборуваше и за случувањата на Светското првенство во Египет.

Не е задоволен од направеното и коментираше дека е целосно разочаран.

„На Светското првенство во Египет се пласиравме на лошото 23. место.  Повеќе од пласманот боли начинот на кој ги загубивме натпреварите односно начинот на кој некои репрезентативци ги бранеа боите на Македонија. Она што се случи во Каиро беше болно за гледање. Пандемијата со Ковид 19 си има оставено трага, но тоа никако не смее да биде оправдување. Јасно е дека се потребни промени од корен. Нов стратег кој ќе ја води репрезентацијата кој се има докажано и на меѓународно ниво“, рече Мукаетов во своето излагање на Собранието на РФМ.

Ќе има признанија за најдобрите: Првиот предлог е за Кирил Лазаров и судиите Начевски-Николов

Екс-репрезентативката Бајрамоска, нов член на УО на РФМ

Мукаетов: Ракометот е единствен спорт каде се одиграа сите натпревари во сениорските лиги

Легендарните репрезентивци се собраа повторно на Собранието на РФМ (ФОТО)

Гино Стрезовски со предлог: За посилна репрезентација – не ни требаат странци во Суперлига!

Едногласна поддршка: Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ

РФМ ја заврши во „плус“ 2020 година

За системот на натпреварување во Суперлига – дополнително ќе се одлучува