Еден од новите ракометари на Вардар, односно чуварот на мрежата Али Сафар минутажата ќе ја дели со двајца македонски репрезентативци, искусниот Борко Ристовски, како и Мартин Томовски.
Тој вели дека добро му е познат статусот кој го има Борко во Македонија, затоа што и тој исто котира во неговата земја.
„Борко е ракометар со преголемо искуство и за кратко време научив многу од него. Многу знае и се обидувам да го следам. Познат ми е неговиот статус на ’министер за одбрана’, но факт е дека ние сме многу слични. Јас имам таков статус во Кувајт. Мартин е одличен дечко и соиграч, мислам дека добро ќе се надополнуваме меѓу диреците“, вели чуварот на мрежата и додава: „Тимот е неверојатен! Играчи од различни профили и различни земји собрани на едно место и со иста мисија да играме сите за еден и еден за сите. Минатата година нивото на Вардар беше паднато, но сега ќе се врати, сигурен сум, ќе видите! Анте Гудуз ми е цимер, одличен дечко. Сите се дружиме и комуницираме, еднаш-двапати во неделата пиеме кафе заедно. Има многу нови играчи во тимот, но добро сме прифатени и мислам дека сите брзо се адаптиравме. Столе е вистински капитен, Тимур работи премногу за тимот, за да бидеме обединети и да ги разбереме работите. Вујо е одличен тренер. Среќен сум што имам можност да учам од легенда како него, кој бил и голем играч и кој има големо познавање за ракометот.“
Целосното интервју со Али Сафар прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АЛИ САФАР: Кралски наследник кој сака шампионска круна со Вардар!