Вардаровата легенда Столе Петрушевски, кој скоро три децении е дел од „црвено-црното“ семејство ја познава соблекувалната на Вардар од времето кога играше во „Расадник“, па преку „Кале“ и сè до денеска во „Јане Сандански“.
Во викенд – интервјуто за 24ракомет направи споредба на соблекувалните.
„За мене соблекувалните на Вардар секогаш биле најубави, без разлика дали биле во ‘Расадник’, кој протекуваше, или во ладното ‘Кале’ или сега во идеалните услови во ‘Јане’. Мислам дека сега со глобализацијата на спортот и со се што се случува многу попрофесионално се насочени работите. Има хемија и се е одлично, но ја нема онаа блискост и дружба како порано. Мислам дека причина за тоа е и времето во кое живееме и начинот на функционирање на системот. За мене моето време е најубаво (се смее). Од друга страна има и разлика, кога сте играч и кога сте тренер. Како играч вистински ја чувствувате атмосферата во соблекувалната и како таа живее, а како тренер влегувате и излегувате и не може комплетно да се знае и почувствува сè, иако на теренот може да се види сè. Вардар секогаш била специфична екипа, со посебна душа. Мислам дека најдобар пример за тоа е и се она што се случуваше во 2019-та. Да играте цела сезона без пари и да освоите титула во Лигата на шампионите, тоа најдобро говори за какво братство и единство имате во соблекувалната.“
Целото интервју прочитајте го во продолжение…