Од пируетите во „Кале“ до вртенките во „Борис“ и „Јане“ – најдоброто од Дибиров во СЕХА (ВИДЕО)

Тимур Дибиров ја игра последната сезона во дресот на Вардар, „летечкиот Русин“ си заминува од таборот на црвено-црните по завршувањето на актуелната сезона. Дибиров беше еден од оние први играчи кои дојдоа во Вардар кога започнуваше проектот кој подоцна донесе две европски титули за вардарци. Постигна Дибиров многу мајсторски погодоци, а најпрепознатлив ќе остане по неговите „вртенки“. СЕХА лигата во која Дибиров со Вардар од неговото доаѓање во 2013 година освои четири трофеи објави видео од најдобрите голови на Русинот во ова натпреварување. Уживајте во наредните три минути со мајсториите на Дибиров...