Од Младост Богданци во Асобал лигата

Белорускиот интернационалец Никита Лошчаков, кој дел од минатата сезона ја мина во Младост Богданци, направи трансфер во Шпанија.

Лошчаков потпиша договор на една сезона со тимот на Виља Де Аранда, во кој своевремено играше и Горан Кузманоски.

Белорускиот ол-раунд бек замина од Богданци, откако Младост не успеа во плеј-аут битките и од септември ќе игра во Првата лига.

Лошчаков пред да дојде во Македонија беше дел од екипата на Витјаз Леон, а настапуваше за рускиот Таганрог, за Конон Гродно и за Мешков Брест во сезоната 2018/2019.