Белорускиот шампион Мешков Брест на официјалниот веб сајт објави дека за следната сезона нема да смета на шестмина ракометари.
Договорите им завршија на пикерите Бранко Канкараш и Даниел Андреев, а црногорскиот репрезентативец веќе најде нов ангажман и потпиша за Металург. Нема да биде продолжена соработката и со некогашниот член на Металург, Дарко Ѓукиќ, како и со левиот бек Вилијам Акамбре.
Иако беа обврзани на уште една сезона, сепак бековите Немања Обрадовиќ и Артем Кулак спогодбено ги раскинаа договорите со Мешков Брест.
И поранешниот бек на Металург, како и белорускиот плејмејкер се понудени на европскиот шампион Вардар, па би можеле да ги следат стапките на Канкараш и да се преселат во Македонија следната сезона.