Повремениот репрезентативец на Хрватска и екс член на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ, денеска официјално беше промовиран во францускиот второлигаш Трембле, кој во следната сезона ќе атакува на пласман во француската елита.
Десното крило од Хрватска со францускиот тим потпиша договор на две сезони и дресот на Трембле ќе го носи до јуни, 2024 година. Хрватот денеска имаше можност да се запознае со раководството и со дел од играчите на неговиот нов клуб.
Божиќ Павлетиќ во минатата сезона на натпреварите од Лига на Европа постигна вкупно 21 гол, со што беше меѓу најдобрите стрелци во битолскиот тим. Со Еурофарм Пелистер успеа да го освои Супер купот на Македонија, но не и титулата во домашниот шампионат и Куп трофејот.
Во својата кариера го носеше дресот и на двата најдобри клубови од Хрватска, Загреб и Нексе. Краток период беше во Гепинген пред да се пресели во Еурофарм Пелистер.
Божиќ Павлетиќ заминува од Еурофарм Пелистер, следна дестинација францускиот Трембле!