Вчера се појави информацијата дека средниот бек на Металург, Стефан Додиќ, го ставил потписот на тригодишен договор со полскиот првак Келце.
Српскиот репрезентативец има договор со тимот од Автокоманда до крајот на следната сезона, па доколку сака да си замине ова лето ќе мора да биде платена оштета.
Претседателот на Келце, Бертус Сервас за полскиот „Ехо Дниа“ откри дека имало контакт со неговиот менаџер, но останало само на тоа.
„Имавме контакт со неговиот менаџер, но толку. Ништо конкретно. Дури не сум зборувал ниту со Талант Душебаев за него“, изјави Сервас.
Додиќ дебитираше во Лигата на шампионите во 2018 година на дуел со Чеховски Медведи и стана најмлад стрелец во елитното натпреварување со 15 години и 221 ден. Деби имаше и за сениорската репрезентација на Србија на дуелот со Франција од евро квалификациите.
Металург останува без српското „чудо од дете“: Стефан Додиќ се сели во Келце?