Екипата на Кадетен Шафхаузен загуби на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во 8. коло од Лигата на Европа со 27:26.
После натпреварот тренерот на Кадетен, Аделштајн Ејолфсон призна дека Еурофарм Пелистер беше подобар тим и заслужено славеше на овој дуел.
„Честитики за победата на Еурофарм Пелистер, тие имаа добар план и играа во својојт ритам во текот на сите 60 минута. Овој натпревар течеше во темпото за кое тие беа подготвени и имаа целосна контрола во текот на мечот. Имавме неколку шанси од чисти ситуации од шест метри кои не ги реализиравме, пропуштивме бодови и сега мора да ги бараме на некој друг терен за да обезбедиме пласман во следната фаза“, рече тренерот на Кадетен.
Исто така Јонас Шелкер истакна дека имале можност да извлечат поволен резултат но жалат за порпуштената шанса.
„Ова беше натпревар како што очекувавме, пред овие навивачи и мотивираната домашна екипа нас како да ни недостасуваше тој еден мал чекор за поволен резултат. Честитки за Еурофарм Пелистер за победата, многу ми е жал што загубивме но продолжуваме понатаму“, рече Шелкер.
Во следното коло Кадетен Шафхаузен во Лигата на Европа ќе гостува на водечкиот Ним во Франција.