Иако во последните неколку седмици се повеќе се говори дека Мундијалот во Египет би можел да биде одложен, сепак претседателот на ИХФ е убеден дека СП ќе се игра.
Мундијалот треба да се игра од 14 до 31 јануари следната година, а сите се надеваат дека ситуацијата со коронавирусот дотогаш ќе биде под контрола.
„Светското првенство ќе се одржи во Египет и немаме намера да го одложиме поради коронавирусот. Нашата држава е подготвена да биде домаќин. Јас сум убеден дека ова ќе биде еден од најуспешните проекти“, изјави Хасан Мустафа за националната ТВ во Египет.
Првпат во историјата на СП, бројот на учесници се зголемува од 24 на 32 репрезентации, а ова ќе биде второ што се одржува во Египет по 1999 година. Македонија беше елиминирана, но сепак остануваат шансите да се бориме за вајлд-карта.
Досега во Египет се регистрирани повеќе од 39.000 заразени со коронавирусот, а има 1.377 смртни случаи.