Како што прв најави 24Ракомет уште пред три месеци, словенечкиот пикер од Вардар, Домен Сикошек Пелко, заминува на крајот од оваа сезона во шпанскиот тим Ла Риоха, а денеска и шпанските медиуми ја потврдија веста на 24Ракомет.
Тој дојде минатото лето од австрискиот Брик и потпиша договор на една плус една година, но втората нема да ја одработи во Скопје.
Покажа дел од своите квалитети додека на клупата беа Давид Писонеро и Едуард Кокшаров, а не добиваше премногу шанса од Стевче Алушовски.
Стратегот на Вардар за следната сезона сигурно ќе смета на капитенот Стојанче Стоилов, а деновиве треба да биде појасно дали ќе останат Глеб Калараш и Сергеј Горпишин.