Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија, како и по првото коло, така и по второто коло од Суперлигата имаше работа.
Во финишот на дуелот меѓу Бутел Скопје и Радовиш, поради приговори кон судиите Глигор и Спаско Ќаеви, црвен и син картон доби капитенот на домашниот тим, Бојан Спасовски.
Тој доби суспензија од еден натпревар и ќе го пропушти гостувањето на Бутел Скопје кај Вардар Јуниор претстојната сабота.