Ракометната федерација на Македонија по откажувањата на дел од екипите од настапот во Првата лига реши да го одложи стартот.
Тој беше планиран за претстојниот викенд, 11/12 септември, кога заедно со Женската лига требаше да тргне и прволигашкиот караван, но засега како нов терммин стои викендот 18/19 септември.
Клубовите се веќе известени за оваа промена, а до крајот на неделата се очекува дефинитивната бројка на екипи, па ќе биде направена нова ждрепка и ќе биде познат распоредот за новата сезона.
Најпрво се откажа тимот на Работнички, потоа Ѓорче Петров и Риниа, а иако имаше најава дека нема да игра и некогашниот македонски шампион Борец, сепак од Велес стигна демант.
На списокот фигурираат 16 екипи, но кога ќе биде дефинитивната бројка, со оглед на дека на состанокот на УО на РФМ беа најавени уште можни откажувања, останува да видиме до крајот на неделата.