Тимот на Ваљадолид славеше гостинска победа над Гвадалахара со 32-27 во натпревар од Асобал лигата.
Предводени од македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, избраниците на Давид Писонеро победата ја најавија уште по првиот дел, кога беше 18-13 за Ваљадолид.
Димитриоски на овој натпревар постигна четири погодоци, додека Димитриевски стрелаше три пати.
Ваљадолид е на десеттото место во Асобал лигата, а следниот предизвик ќе биде домашниот натпревар против Ла Риоха.