Екипата на Нант загуби со 24:25 против Келце во првиот дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите, а Кирил Лазаров имаше убава вечер вo која рекордниот настап во ЛШ го зачини со пет гола.
Нант имаше одлично прво полувреме во кое речиси постојано беше во водство. Предноста беше зачувана до заминување на одмор кога резултатот беше 14:12 во корист на тимот од Франција.
Во вториот дел Келце го крена нивото на игра, а домашните играа без Лазаров. Откако се виде дека нема да функционира нападот, Кире беше одново на терен, но водството беше под контрола на гостите.
До крајот имаше надигрување, но гостите од Полска си заминуваат со победа од 25:24. Сепак, сосема извесно е дека и на реваншот ќе биде доста интересно така што јасно е дека ќе дојде до уште еден интересен натпревар после кој ќе се знае кој состав оди понатаму.
Денеска Лазаров беше стрелец на пет гола со кои беше најефикасен во Нант заедно со пивотот Пешмалбек. Во Келце прв стрелец беше Алекс Душебаев со шест погодоци.
Лазаров запоседна уште еден трон, го израмни рекордот на Арпад Штербик во ЛШ