Овче Поле СУ прв низ целта во плеј-аутот од Женската лига

Во натпревар од последното коло од плеј-аут фазата во Женската лига, екипата на Овче Поле СУ на гостувањето во Автокоманда кај Шампион оствари победа со четири гола ралзика, 28:32, и го освои првото место во плеј-аут групата со 32 бода.

На овој натпревар, гостинките од Свети Николе настапија со речиси една постава, односно десет ракометарки, но комплетниот состав на Шампион имаше сили само за едно полувреме.

По 30 минути игра, резултатот беше нерешен, 17:17, додека во вториот дел, избраничките на Илија Бетувски лесно доаѓаа во позиција за гол, имаа сигурна игра и рутински стигнаа до посакуваната победа.

Две ракометарки од двете екипи се истакнаа како најефикасни со по 11 погодоци. Тоа беа Диана Димова од редовите на победничката екипа и Сара Трајков од домашниот состав.