Ова болеше – ја нокаутира противничката со удар од два метри! (ВИДЕО)

На мечот од Лигата на Европа меѓу данскиот Никобинг и норвешкиот тим Сола, средниот бек Кристина Кристијансен во обид побрзо да го заврши нападот бидејќи истекуваа последните секунди од првиот дел, упати силен удар. Тој заврши во главата на една од противничките ракометарки во одбрана, која падна на теренот. За цела среќа таа носеше стегач, кој го амортизираше ударот, но стегачот летна високо. Погледнете...