Обрван ќе наплати 240.000 евра од Босанците

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина само на неколку дена пред првиот натпревар во претквалификациите за Светското првенство остана без селектор, а многу веројатно федерацијата на оваа земја ќе остане и без огромни парични средства.

Селекторот Ивица обрван поднесе оставка, а најави дека неговиот адвокатски тим ќе се обрати на Ракометниот сојуз на БиХ. Обрван беше доведен како долгорочно решение и човек кој требаше да донесе напредок во играта на Босна, меѓутоа во тоа не успеа.

Ракометниот сојуз на Босна официјално не објавил меѓутоа според информациите платата на Обрван е околу 5.000 евра месечно. Таква изјава даде и до неодамна првиот човек на ракометот во Бих Маринко Умичевиќ.

„Повторно ќе истакнам дека 5.000 евра плата за селекторот на машкиот А тим, Ивица Обрван е премногу“, изјави Умичевиќ.

Така ако се точни зборовите на Обрван дека кон него не биле исполнувани одредени услови со евентуална судска постапка лесно ќе си ги добие средствата. Во таков случај Ракометниот сојуз ќе мора во целост да му го исплати договорот кој имаше со важност до 2025 година. Тоа значи дека Обрван ќе добие повеќе од 240.000 евра и тоа за само една остварена победа.

Премалку за хрватскиот стратег и поранешен селектор и на македонската репрезентација, но и премалку за примањата кои ги имал, секако ако информациите за платата кои ги изнесе Маринко Умичевиќ се точни.

РЕЗУЛТАТИТЕ НА ОБРВАН НА КЛУПАТА НА БИХ