Обрван го соопшти списокот, повика тројца играчи на Еурофарм Пелистер

Селекторот на репрезентацијата на БиХ, Ивица Обрван ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за дуелите против Германија и Австрија во квалификациите за Европското првенство во јануари.

На поширокиот список од 35 ракометари место имаше за тројца играчи на екипата на Еурофарм Пелистер. Во конкуренција за тимот се Јосип Периќ, Елмир Граџан и Невен Стјепановиќ.

Натпреварите за БиХ следуваат на 29 априли 2 мај. Првиот дуел е против Германија во Бугојно, а потоа ќе се гостува во Австрија.

На БиХ ќе и требаат бодови од овие дуели доколку сака пласман, а ќе биде навистина тешко бидејќи и Германија и Австрија се фаворити за победа.