Обложувачница ја спаси Литванија, ќе и го спонзорира настапот на ЕП

Репрезентацијата на Литванија ќе биде дел од Европското првенство во јануари откако успеа да ги надмине проблемите од финансиска природа и ќе може да се одработат подготовките и да се играат натпреварите на шампионатот.

Литванија се пласираше на едно големо натпреварување првпат после 1998 година, но Ракометната федерација се соочи со финансиски проблеми. Проблемот беше решен со помош на обложувачницата 7бет, која ќе биде спонзор на репрезентацијата.

Во текот на подготовките, Литванците ќе одиграат две контролни средби против Исланд, а исто така ќе има средби и на Купот на Рига.