Николов за 24Ракомет ТВ: Подмладени сме, но може да го повториме успехот од пред две сезони (ВИДЕО)

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

Екипата на Бутел Скопје на првиот дуел на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски-Усташ“ беше поразен од Еурофарм Пелистер со 32:21. Избраниците на Горан Кузманоски дадоа силен отпор во првиот дел, во неколку наврати имаа резултатска контрола со еден до два гола разлика и рамо до рамо се носеа со поискусниот ривал. Членот на Бутел Скопје, Филип Николов, за 24Ракомет ТВ, истакна дека грешките, посебно во вториот дел, ја направиле голема разлика во корист за битолскиот тим. Младиот ракометар, кој неколку пати се најде на поширокиот список на сениорската репрезентација, смета дека неговиот тим може да го повтори успехот од пред две сезони, односно да го освои третото место. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...