Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од Лигата на Европа и Лигата на шампиони во женска конкуренција што се играат претстојниот викенд.
Македонската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе судат на натпрвар од петтата рунда во Лигата на Европа.
Станува збор за двобојот меѓу германскиот првак Битигхајм и актуелниот првак во Лигата на Европа, францускиот Нант.
На овој дуел што се игра на 12 февруари од 16:00 часот, Нант мора да победи за да остане во игра за четвртфиналето во Лигата на Европа.
Покрај Металари и Николовски, работа претстојниов викенд ќе има и за Камер Металари, кој ќе биде делегат на натпреварот меѓу хрватската Локомотива Загреб и норвешката Сола на 13 февруари од 14:00 часот.