Николиќ беше незапирлива, ПАОК блиску до титулата

Тимот на ПАОК од Солун, каде што играат три македонски интернационалки е блиску до титулата во првенството на јужниот сосед.

ПАОК во првиот финален натпревар славеше над составот на Вериа со убедливи 32-18, а големи заслуги за убедливиот триумф одат на адреса на Марија Николиќ.

Кружниот напаѓач постигна 12 погодоци за ПАОК и беше најефикасна на теренот, Дајана Јовановска даде два, додека Белеска беше стрелец на еден погодок.

Вториот натпревар од финалната серија до две победи се игра на 27 јуни и доколку ПАОК слави ќе биде шампион, а доколку загуби ќе се игра мајсторка на 1 јули.