„Не можеме да очекуваме лесен дуел против Еурофарм Пелистер“

Ракометарите на Татабања во рамки од 9. коло од Лига на Европа ќе се сретнат со македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер.

За избраниците на Драган Ѓукиќ натпреварот против тимот од Битола е од огромна важност. Со евентуална победа над Еурофарм Пелистер, екипата на Татабања теоретски ќе остане во игра за пласман во осминафиналето.

Левиот бек на Татабања, Лукаш Урбан, очекува неизвесен натпревар на денешната средба.

„На овој натпревар јасно е дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи, но ние не можеме да очекуваме лесен дуел против Еурофарм Пелистер, ќе дадеме сѐ од себе да победиме. Сигурен сум дека публиката ќе биде нашиот осми играч“, изјави Урбан.

Натпреварот меѓу Татабања и Еурофарм Пелистер ќе стартува со почеток од 18:45 часот.