Прв ривал на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка ќе биде репрезентацијата на Словенија.
Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, го објави скратениот список од 21 ракометари, од кои ќе отпаднат веројатно уште тројца пред заминувањето на ЕП.
Тој не сака да зборува за очекувањата од настапот на ЕП и вели дека најважно е да се победи против Македонија.
„Нема да зборуваме сега за големи очекувања, за медали, за четвртфинале или полуфинале…Нашата главна цел е да ја победиме Македонија на стартот во Дебрецен и да влеземе од што подобра позиција во главната рунда. Веќе се подготвуваме за противникот, ги гледавме сите нивни натпревари од квалификациите, но прво ќе видиме кој ќе игра, а кој не од нивните ракометари на ЕП“, вели Врањеш.
Швеѓанецот откри дека Габер е повреден, и дека во меѓусебен договор со Бомбач решиле тој да не биде на списокот.
„Габер иако игра во клубот, се уште влече повреда и не е подготвен да игра на Европското првенство. Разговарав со Бомбач, тој сакаше да се прости од националниот тим, но решивме таа одлука да ја оставиме за понатаму. Сега ни требаат мотивирани ракометари“, вели Врањеш.
Македонија ќе игра со Словенија на 13 јануари во Дебрецен.
Врањеш ги отвори картите пред ЕП – Словенија без Малус, Бомбач, Шоштариќ…