Нексе остана незгоден за Вардар, со цел плен се враќа во Нашице (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Нексе (СЕХА лига)

Ракометарите на Вардар ја отворија 20222 година со пораз против Нексе на домашен терен во СЕХА лигата од 24:25 и на тој начин влегоа лошо во пролетниот дел од сезоната. Ќе мора многу работи да се менуваат во продолжение за да се дојде до посакуваните резултати. Првата средба покажа слабости и недостатоци така што ќе има доста за поправање. Новиот тренер Давид Дејвис дефинитивно можеше да види што ќе треба да смени во следниот период и што е она што недостига. Денеска имаше премногу осцилации што е знак дека ќе мора да се поработи на константност во играта, но и на многу похрабри решенија во нападот.