Некогашна вардарка одликувана со Орден за заслуги во Русија

Репрезентативката на Русија, Олга Фомина (Черноиваненко), која две сезони настапуваше за Вардар, дефинитивно ја има најдобрата година на спортски план. По двете освоени награди, првата за „Лице на годината“ во категоријата Олимписки победи и втората награда како најдобар спортист во Самара, десното крило на Лада Тољати ја доби третата награда за оваа година.

За нејзиниот сребрен медал на Олимписките игри во Токио, Фомина од страна на градската Дума на градот Тољати ја доби најважната награда на градскиот парламент и беше одликувана со Орден за заслуги пред татковината од прв степен.

„Со макотрпна работа и спортски успеси таа покажа дека ракометната школа на Тољати останува една од најсилните не само во Русија, туку и во светот“, стои во соопштението на градската Дума на Тољати.

Фото:dumatlt.ru

Фомина беше капитен на својата репрезентација на Светското првенство во Шпанија. Освен сребрениот медал од Олимписките игри во Токио, во својата колекција на медали има и бронза од Мундијалот кој беше одржан во 2019 година. На клупски план има освоено голем број на медали со Лада Тољати, Ростов Дон и Вардар.

Поранешна вардарка доминира во Русија, беше прогласена за спортист на годината