Машката кадетска репрезентација на Македонија го имаше најголемиот успех годинава откако во август успеа да се искачи на тронот на ЕХФ шампионатот во Рига.
Кадетите одработија одличен турнир во Летонија и донесоа голем скок напред за младинскиот машки ракомет.
Избраниците на Раде Стојановиќ во финалето ја совладаа Швајцарија, со резултат 24:22 и докажаа дека имаат голем квалитет.
Воедно Македонија доби неколку нови бисери на теренот кои ќе бидат иднината. Мирче Калајџиески, Томислав Димковски, Александар Петковски, Давид Брестовац се само дел од ракометарите на кои ќе може да се смета и во иднина.
Освоеното прво место на Македонија на ЕХФ шампионатот во Рига и донесе пласман на кадетското СП 2023 и младинското ЕП 2024.
Кадетите слават во Рига – Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Летонија