Најдобриот стрелец во Суперлигата во сезоната што заврши, Давор Палевски, е блиску до договор со новиот член на елитата, Јуниор Кисела Вода.
Амбициозниот тим од Кисела Вода веќе ги прави плановите за деби сезоната во суперлигашка конкуренција, а поранешниот младински репрезентативец се наоѓа на листата на желби.
Левото крило даде 190 голови на 17 натпревари во дресот на Работнички, а претходно го носеше и дресот на Металург.
Јуниор Кисела Вода води преговори и за ангажман на поранешниот српски репрезентативец Александар Станојевиќ, како и со уште двајца суперлигашки ракометари.