Maкедонските ракометари денес од 17:00 часот го играат реванш натпреварот во баражот за СП против селекцијата на Романија.
Од Скопје Македонија има осум гола предност (30:22) па во денешниот натпревар треба да ја довршиме започната работата и да обезбедиме дуел со Чешка со која би одлучувале кој ќе оди во баражот.
На нешто помалку од половина час до почетокот на натпреварот нашите ракометари се загреваат во салата „Динамо“ во Букурешт.