Ракометарите на украинскиот претставник во Лигата на шампионите, Мотор Запорожје остварија изненадувачка победа на гостувањето кај Нант на Кире Лазаров.
Иако Нант беше во водство во најголемиот дел од натпреварот, сепак, со подобро издание во завршницата Мотор стигна до триумф од 32:31.
Гостите го имаа почетното водство, но откако Нант израмни на 4:4, следуваше серија од четири последователни гола на Нант и водство од 8:4. До крајот на првиот дел Мотор успеа да се врати и на полувреме резултатот беше 18:18.
Во продолжението Нант имаше постојано еден или два гола предност до завршните минути, но Мотор уште еднаш направи кам-бек и стигна до голема победа. Нант имаше напад за израмнување и бод, но не успеаја да погодат.
Кире Лазаров заедно со Емерик Мин беа најефикасни за Нант со по шест погодоци, а четири постигна Ривера. Во победничкиот тим на Мотор, најмногу се истакна Бокан со седум гола, а Обровиќ и Мориха постигнаа по четири.