Екипата на Нант славеше убедлива победа против Данкерк со 43:28 во рамките од 23. коло од шампионатот на Франција.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со предност од седум гола разлика за Нант, 22:15.
Ракометарите на Нант продолжија со својата доминација на теренот и во второто полувреме и не дозволија противникот да се врати на пристојна негатива.
Кире Лазаров немаше голема минутажа на натпреварот, а во минутите кои ги помина на терен не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше само два удари кон противничката мрежа.
Со денешната победа, Нант се најде на 3. позиција на табелата во францускиот шампионат со 29 бодови .