Денес во Франција продолжија натпреварите од домашниот шампионат. Нант триумфираше против Кретеј со 27:25 и ги задржа шансите за втората позиција на табелата.
Нант фуриозно стартуваше во почетните минути и со добрата одбрана стигна до високи 8:3 во текот на 12. минута. Гостинските ракометари се вратија во игра и ги задржаа шансите, но поискусните ракометари од домашниот табор заминаа со 15:11 на полувреме.
Во вториот дел Кретеј, секогаш беше на чекор до приклучок и намалување на водството на два разлика, а грешките и избрзаните напади беа причина за поразот.
Репрезентативецот и селектор на Македонија, Кире Лазаров, на натпреварот постигна еден гол од четири удари.
Со победата против Кретеј, ракометарите на Нант ќе имаат можност на следниот натпревар против Ним да врзат уште една победа во низа и да ги зголемат шансите за пласман меѓу трите најдобри екипи во Франција.