Нант во лоша серија, загуби уште еднаш овој пат во Лигата на шампионите

Ракометарите на Мотор Запорожје и Нант го одиграа својот втор дуел од Лигата на шампионите кој претходно беше одложен и уште еднаш подобра беше екипата од Украина, која во финишот успеа да ја зачува предноста и да победи со еден гол разлика, 29:28.

Ова беше натпревар во кој Мотор освои важни бодови така што Нант заостанува.

Уште во почетните минути Мотор создаде водство од три гола, а во 11. минута беше 7:4. Нант успеа да ја стигне негативата до крајот на првиот дел и на полувреме беше нерешено 13:13.

Во вториот дел Нант имаше подобро издание, најчесто беше во предност, а највисокото водство го имаше во 46. минута од 25:22. Тимот на Лазаров дозволи во последните 15. минути да ја испушти негативата и да биде поразен на сличен начин по втор пат од Мотор.

Кире Лазаров на натпреварот постигна три гола, додека најефикасен беше Мин со осум. Во победничкиот тим најефикасен беше Бокан со девет погодоци.

Ова беше уште еден натпревар на кој Нант не успеа да издржи и да дојде до позитивен резултат откако пред неколку дена загуби и во првенството на Франција.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107