Словенечкиот десен бек Нејц Цехте, кој требаше да биде едно од најголемите засилувања за Вардар, има нов клуб.
Тој потпиша договор на една сезона со данскиот шампион ГОГ Гудме и ќе игра во Лигата на шампионите.
„Среќен сум и горд што успеавме да се договориме со ГОГ Гудме. Сите знаат за каков фантастичен клуб се работи. Едвај чекам повторно да заиграм во Лигата на шампионите“, изјави Цехте.
Тој ќе биде замена за Матијас Гидсел, кој се пресели во бундеслигашот Фуксе Берлин. ГОГ Гудме ќе биде дел од групата A заедно со Веспрем, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Загреб, Порто, Магдебург и ПСЖ.