Навивачи ги нападнаа ракометарите на Египет! (ВИДЕО)

Египет е победник на Африканскиот Куп на Нации откако во финалето го совлада Тунис со 27:23. Со оваа победа екипата која ја предводи Роберто Парондо обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Токио. Сепак, финалниот натпревар не помина без инциденти. Кон крајот на натпреварот навивачи влетаа на теренот и ги нападнаа ракометарите на Египет, а претходно беа фрлени и предмети кон играчите. Еден играч беше соборен на под од удар на навивач. Официјалните лице веднаш преземаа мерки ги повлекоа играчите на Египет во соблекувална, а потоа натпреварот беше завршен но остана црна дамка на финалето. Погледнете го инцидетот во видеото.