Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, кој пред извесен период стави крај на својата богата кариера е убедливо најдобар стрелец во Европа во последните 20 сезони. Статистиката на погодоците е направена почнувајќи од сезона 2003/04.
Најдобриот македонски ракометар ја предводи листата на стрелци на сите времиња со 1569 погодоци, додека на второто место се наоѓа репрезентативецот на Франција и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ со 1143 гола.
Меѓу најдобрите срелци во последните 20 сезони се наоѓа и ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров. Искусното лево крило на Вардар има постигнато 1053 погодоци.
Актуелниот тренер на Веспрем, Момир Илиќ, се наоѓа на 4. позиција со 1033 погодоци, а звездата од Данска, Микел Хансен зад своето име има запишано 1001 погодок.