Мундијалот официјално започна: Празните трибини го засенија гламурот на свеченото отворање (ФОТО/ВИДЕО)

Како што е традиција на сите претходни светски ракометни првенства, во Каиро се очекуваше спектакуларна официјална церемонија на отворање на првенството. Домаќинот не се штедеше во организација на мундијалот, изгради нови сали, се очекуваше да го надмине турнирот од Катар 2015 година, а локалниот организациски комитет сакаше да се докаже и пред претседателот на ИХФ, д-р.Хасан Мустафа кој е роден во Египет. Но коронавирусот промени многу планови и работи, а свеченото отворање се одржа пред речиси празни трибини во најголемата спортска сала во Каиро.

Во скромни услови, официјалните претставници на ИХФ одржаа говор и го прогласија првенството за официјално започнато, пред политичкиот врв на Египет и ИХФ, а потоа беа претставени и репрезентациите учеснички кои ќе настапат на Мундијалот.

Не изостана ниту музичката програма која е составен дел од секоја ваква церемонија. Учесниците во перформансот ја претставија земјата домаќин и симулираа градење на пирамидите кои се главно обележје на Египет.

На следниот ЛИНК може да ја погледнете церемонијата во целост.