На 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра ревијалниот натпревар меѓу сегашните и поранешните репрезентативци на Македонија, кои веќе не се дел од националниот тим.
Натпреварот на деценијата, како што го нарекоа од РФМ, ќе им даде можност на голем број на ракометари кои не се простија од навивачите, сега да го направат тоа.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов вели дека ракометарите кои досега настапуваа за Македонија заслужуваат многу повеќе.
„Јас влегувам во десетта година од мојот мандат во РФМ. Голем дел од игачите тогаш беа во својот зенит, дојдоа нови генерации кои учеа од нив и им беа идоли. Ова ќе биде прекрасен настан, да с заблагдариме на овие 20 Македонци, кои со полно срце и посветеност играа за Македонија, сметам дека ќе биде интересно да се види.Тие заслужуваат многу повеќе од ова, досега не можевме да се собереме. Сакам да ги поканам сите оние што можат да дојдат бидејќи очекувам да биде многу интересно. Сите собрани средства ќе одат во СОС Детското село“, вели Мукаетов.
Натпреварот меѓу поранешните и сегашните репрезентативци ќе се игра на 3 јануари од 19:00 часот.
Димовски: Ако овој меч им донесе среќа на момците во Краков, тогаш нека прерасне во традиција
Стоилов се пошегува: Се надевам нема да има повреди кај оние што не играле со години