Интернационалката од Македонија која веќе година и пол е во Италија, Савица Мркиќ го продолжува својот престој во оваа земја, а својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ериче.
Мркиќ потпиша договор на две и пол години со оваа екипа така што ќе има можност и понатаму да ги докажува своите квалитети во најсилната лига во Италија.
Претходно една година настапуваше во редовите на Гереире Мало, а последните шест месеци ги помина во тимот на Понтинија.
Со потпишувњето на новиот договор веќе е јасно дека Мркиќ ќе остана уште во Италија и ја обезбеди својата иднина во следните две и пол години.