Селекторот на женската ракометна репрезентација на плажа, Златко Мојсоски го објави поширокиот список на повикани ракометарки за собир и настап за претстојното ЕП.
На списокот на Мојсоски и неговиот стручен штаб има 31 ракометарки, а кои од нив ќе го минат првиот филтер и ќе патуваат на ЕП, останува да видиме.
Европското првенство во ракомет на плажа ќе се одржи во португалскиот град Назаре од 24 до 28 мај, а ривали на Македонија ќе и бидат домаќинот Португалија, Холандија и Украина.
Со оглед на тоа што сите ракометарки, со исклучок на Божиновска, се од домашното првенство, последното коло од Женската лига планирано за 20/21 мај веројатно ќе се одигра порано од планираното, за да има време за кратки подготовки.
Последен пат Македонија играше на ЕП во полскиот град Катовице во 2019 година.
Собирот на ракометарките ќе се одржи во понеделник на 24 април од 11:00 часот, на игралиштето на Кејот на Вардар.