Продолжуваат пријателските натпревари на новиот суперлигаш Младост Богданци пред стартот на новата сезона.
По поразот од тимот на Радовиш, богданчани одиграа тест дуел против локалниот ривал Партизан Гевгелија и славеа убедливо со 42-25.
Ова е втора победа за избраниците на тренерот Мите Стоилов, кои се обидуваат да ја достигнат потребната форма пред стартот на Суперлигата.
Младост в недела во Богданци ќе одигра уште еден натпревар со Радовиш, а генералката ќе биде против прволигашот Вардар Неготино.