Младите сили на дело, насмевките се вратија за момент (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Алжир

Репрезентацијата на Македонија се израдува на првата победа на Светското првенство 2023, откако во натпревар од Президент Купот славеше убедлива победа над Алжир, со резултат 40:25. Македонија победата ја обезбеди уште во првото полувреме и рутински ги одработи вторите 30 минути. На денешниот дуел солидна минутажа имаа помладите играчи, кои целосно ја оправдаа довербата од селекторот Лазаров. Дебитански погодоци во дуелот со Алжир запишаа Петар Атанасијевиќ и Давид Савревски, одлично издание на голот имаше Никола Митревски, кружниот напаѓач Жарко Пешевски беше незадржлив во нападот, додека Дејан Манасков продолжи со одличната реализација од седум метри...Македонија со победата го поправи лошиот впечаток од претходните три дуели, во кои беше поразена од Норвешка, Холандија и Аргентина. Фото: Јуре Ерзен/Гжегож Михаловски