Мишевски даде 13 гола, но Бисинов ФЛ се избори за бод против Преспа

Тимот на Бисинов ФЛ успеа да одигра нерешено со Преспа, 27-27, откако велешани постигнаа погодок на пет секунди до крајот на мечот.

Домаќините поведоа со 5-1, па 7-2, а до крајот на полувремето избраниците на Никола Бисинов имаа предност од четири гола, 16-12.

Во финишот Бисинов ФЛ водеше со 23-20, но ресенци кои беа предводени од Били Мишевски, стигнаа до комплетен пресврт, 24-23.

Водеа гостите со 27-26, но не го одбранија последниот напад на велешани и потоа немаше време да тргнат по гол за победа.

Најдобри стрелци во гостинскиот тим беа Мишевски со 13 гола и Табаковски со седум, додека кај Бисинов ФЛ се истакнаа Ристовски со осум и Иванов со шест погодоци.